недела, 8 јуни 2025

ВПП „Ентузијаст“ од Охрид доби противпожарно возило, донација од австриската провинција Тирол

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во рамки на работна посета на Охрид присуствуваше на чинот на припопредавањето на противпожарно возило за Волонтерското противпожарно друштво „Ентузијаст“ од Охрид и Дебрца, донација од австриската провинција Тирол.

Објавено на

часот

Сподели

Тошковски се заблагодари на гостите од Австрија за вредната донација, притоа изразувајќи уверување дека соработката со австриските волонтери ќе продолжи, како со обезбедување опрема така и во обука на самите пожарникари.

Што се однесува на постојните капацитети на државата за справување со пожари, Тошковски посочи дека изминатиот период е работено со единиците за локална самоуправа и Дирекцијата за управување со кризи, во насока на што поголема подготвеност.

„Работиме како во делот на технички капацитети, така и во делот на обука на човечките ресурси. Во иднина Македонија треба да се фокусира на доболоволните противпожарни друштва, за да може да се одговори на предизвиците. Дури и држави со далеку поголем капацитет како Австрија, не можат да одговорат на предизвиците само со институционалните противпожарни капацитети. Оттаму, и тоа како се битни доброволните противпожарни друштва, фокусирани сме во тој дел да ги зајакнеме капацитетите,како технички така и човечки“ рече Тошковски.

Австрискиот амбасадор во земјава, Мартин Памер, од своја страна изрази задоволство што се реализира оваа донација од австриската покраина Тирол, изразувајќи уверување дека соработката ќе продолжи и понатаму, и со други донации, но и со други општини од земјава.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, посочи дека создавањето на Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“, негово обезбедување со простории и сега веќе и со возила и опрема, но и искуства, се во насока на ширењето на волонтерството во справувањето со пожарите, што е од исклучителна важност за заедницата.

Донацијата од Тирол за потребите на „Ентузијаст“ е специјализирано навално возило со сопствен резервоар за вода, пумпа, брзо витло и друга придружна противпожарна опрема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ