Како што информираат денеска од Железничката станица во Велес, екипи на Македонски Железници од денеска работат на санирање на оштетениот насип на пругата од околу стотина метри на делницата Лисиче-Драчево, а според првичните најави што ги добиле од МЖ работите ќе траат недела-две во зависност од временските услови. Воедно денеска од Железничката станица од Велес за Скопје и обратно од Скопје сообраќаат сите возови.
Инаку и покрај големото оштетувањата на насипот на пругата од околу стотина метри, од МЖ вчера како што соопштија одлучија да не го сопрат сообраќајот на оваа релација, туку најавија дека ќе продолжи, но со зголемено времетраење на патувањето на оваа релација.
Воедно од МЖ појаснија дека возовите на оваа релација, додека трае санацијата ќе ја користат пругата преку Трубарево, а и оти можно некој воз да биде времено сопрен.