Пајазити е обвинет за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од став 4, за кое е предвидена казна затвор од една до пет години.
Откако му беше прочитано обвинението, тој ја призна вината. Претходното рочиште, кое требаше да се одржи пред две недели, беше одложено поради тоа што, според судијата, обвинетиот бил на лекување и не можел да присуствува.
Во септември 2022 година, Теодора Ристевска беше прегазена во Тетово од возило марка БМВ, управувано од 44-годишниот Пајазити. Тетовскиот суд во ноември 2023 година му изрече казна од три и пол години затвор. Пајазити поднесе жалба на пресудата, која беше прифатена од Вишото јавно обвинителство во Гостивар, а Апелациониот суд во Гостивар ја намали затворската казна на две години.
Меѓутоа, Пајазити не беше испратен на издржување на казната, бидејќи Врховниот суд го уважи неговото барање за вонредно преиспитување на пресудата. Со таа одлука беа укинати двете претходни пресуди од пониските судови и предметот беше вратен на повторно судење во Основниот суд.