недела, 7 декември 2025
Центар за управување со кризи

Возач со автомобил се заглави во поплавена улица во Тетово

Возач неуспешно се обидел да помине со својот автомобил преку подвозник каде имало насобрана вода поради интензивните врнежи од дожд во Тетово, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена пријава дека во населбата Дарданија (Општина Тетово), во близина на подвозникот кај полигонот, се насобрала поголема количина вода. Едно патничко возило се обидело да помине низ водата, при што останало заглавено.

Возачот навремено го напуштил возилото и не е повреден. На местото на настанот веднаш излегле екипи на СВР Тетово и ТППЕ Тетово, кои интервенирале со две противпожарни возила и четворица пожарникари.

Во населбата Дарданија постојат две алтернативни улици, кои граѓаните можат да ги користат за непречено извршување на своите секојдневни обврски додека трае расчистувањето и нормализирањето на состојбата. Од ЦУК апелираат до граѓаните за претпазливост и почитување на упатствата од надлежните служби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ