вторник, 10 февруари 2026

Вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис

Ќе се спроведуваат вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис, одлучи Владата на денешната седница.

Објавено на

часот

Сподели

„Владата ги задолжи институциите во рамки на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите правни лица кои имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели на цела територија на државата и во рок од 45 дена да достават извештај до Владата“, соопшти владиниот портпарол, Венера Азизи.

Владата, исто така, ќе ги именува членовите на меѓуресорската државна комисија за борба против недозволено производство, трговија и злоупотреба на дроги.

„Од 2017 година, откако е формирана, комисијата воопшто не била активна и нема резултат. За таа цел, Владата во иднина ќе бара редовни извештаи“, нагласува Азизи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ