Волт официјално почна со работа во Скопје на почетокот на април 2025 година, со јасна цел, на едно место да ги поврзе локалните ресторани, продавници и супермаркети и да им овозможи на корисниците едноставно нарачување и сигурна достава, во просек за околу 30 минути. За краток период, платформата стана дел од секојдневието на голем број корисници во градот, а локалниот пазар покажа силен капацитет за дигитален раст, брзо прифаќање на иновации и подготвеност за развој на нови навики во е-трговијата.
„Овие награди ги доживуваме како признание за целиот екосистем што го градиме заедно, за нашите корисници, партнерските ресторани и продавници, како и за курирските партнери. За навистина кратко време во Скопје успеавме да изградиме услуга на која луѓето ѝ веруваат, а нашиот фокус останува непроменет: сигурно и едноставно корисничко искуство, силна поддршка за локалните партнери и постојано унапредување на платформата“, рече Огњен Љумовиќ, раководител за продажба во Волт.
Според Ненад Виторовиќ, менаџер за продажба во компанијата наградите eCommerce Awards дополнително го потврдуваат Wolt како еден од најистакнатите дигитални сервиси на пазарот, особено преку мобилното искуство што им овозможува на корисниците со само неколку допири да го активираат целиот процес, од нарачка и подготовка, до брза и сигурна достава. Досегашното искуство на пазарот е силна потврда дека Wolt успеа брзо да изгради доверба, релевантност и препознатливост кај корисниците и партнерите.
Wolt и во следниот период ќе продолжи да инвестира во развојот на услугата, во унапредување на корисничкото искуство и во поддршка на локалниот бизнис екосистем, а за сите следни новини јавноста ќе биде навремено информирана.






