Минималниот износ на нарачка за ресторани е 350 денари, а за продавници 600 денари. Покрај тоа, новите корисници можат да го пробаат Волт+ целосно бесплатно во текот на 30-дневниот пробен период. По истекот на пробниот период, претплатата се наплаќа по 199 денари месечно или 1.799 денари годишно.
Покрај ексклузивните попусти, членовите на Волт+ добиваат и дополнителни поволности, како што се 30 отсто попуст на надоместокот за услуга, 5 отсто попуст на нарачки со лично подигнување, како и достава без надоместок за достава.
Членството може да се откаже во кое било време, без дополнителни трошоци.
Кампањата вклучува голем број популарни партнери, меѓу кои ресторани како Кеј-Еф-Си, Доминос, Мама Италијана, Бон Такос, Фитнес Хаус и Вега Фреш бар, како и продавници како Ми Стор (ГТЦ), Протеини.си Шоп и Рептил маркет. Сите попусти се наменети исклучиво за корисниците на Волт+ и важат само за време на периодот на кампањата.
„Волт+ денес обединува повеќе од еден милион членови на 20 пазари, а од своето лансирање во 2021 година им заштеди на корисниците над 200 милиони евра. Програмата вклучува повеќе од 200.000 партнери, ресторани и продавници во прехранбената и малопродажната индустрија.
„Дигиталните платформи за достава станаа важен дел од секојдневниот живот, носејќи им на корисниците значителни заштеди на време и пари. Волт+ е нашата посветеност кон додадена вредност – нудиме уште поудобно искуство за купување, со пониски трошоци за достава. Нашите најлојални корисници, но и оние кои нарачуваат повремено, имаат најголема корист. Во исто време, нашите партнери ресторани и продавници бележат видливо зголемување на нарачките откако го воведовме Волт+“, вели Ѓорѓе Давидовиќ, генерален директор за Србија и Македонија.
Волт е технолошка компанија со седиште во Хелсинки, чија мисија е да донесе радост, едноставност и можности за заработка во секојдневието на локалните заедници. Волт развива платформа за локална трговија која ги поврзува луѓето што сакаат да нарачаат храна, намирници и други производи со луѓе и бизниси што се подготвени да ги продаваат и доставуваат. Компанијата е основана во 2014 година, а во 2022 година ѝ се придружи на ДорДаш. Во 2025 година, ДорДаш ја стекна и Деливеру, дополнително проширувајќи го своето глобално присуство. Денес, заедно оперираат во повеќе од 30 земји. Повеќе информации може да се најдат на веб-страницата на Волт.
Комерцијален текст






