Волонтерите на Црвениот крст поделија 140 мали шишиња со вода, а на 105 граѓани им беше измерен крвниот притисок. Покрај тоа, присутните добија совети и препораки за правилно однесување за време на високи температури, со цел да се избегнат потенцијални здравствени последици.
„Активностите за заштита од топлотниот бран ќе продолжат и во наредниот период, додека траат високите температури“, информираа од Црвен крст Куманово.
Од Итната медицинска помош Куманово претходно информираа дека бројот на повици и интервенции е зголемен во летниот период, поради што апелираат до граѓаните да бидат внимателни и одговорни кон своето здравје.
Лекарите препорачуваат хронично болните лица редовно да ја земаат својата терапија, а постарите да избегнуваат излегување во најтоплите делови од денот – од 10 до 17 часот. Посебна препорака е упатена и до здравите и работоспособни лица, кои не треба да се преценуваат и да излегуваат непотребно во периодот од денот кога е најтопло, а кога веќе се на работни места треба да се освежуваат со вода и да направат паузи.






