недела, 14 декември 2025

Вoдоснабдувањето во Тетово е во прекин веќе два дена

Дефект на една од главните водоводни цевки со големина Ф400 е причина два дена по ред да има целосен прекин во водоснабдувањето во Тетово. Таква цевка пукнала на улицата „Александар Јовановски-Журчин“ во Горна Чаршија каде вчера интервенираа комуналните работници, а најавено дека ќе треба да се работи и денес од 9 до 12 часот.

Објавено на

часот

Сподели

„И покрај континуираната работа и максималните напори на екипите на ЈКП Шар, не успеавме целосно да го завршиме санирањето на дефектот на старата водоводна линија Ф400. За да ја довршиме интервенцијата и да обезбедиме целосно и сигурно функционирање на системот, принудени сме да извршиме нов привремен прекин на водоснабдувањето. Овој прекин ќе се изврши во целиот град Тетово, од 9 до 12 часот“, соопшти ЈКП Шар Тетово.

Од таму наведуваат дека се свесни за тешкотиите со кои се соочуваат граѓаните на високи температури, но уверуваат дека оваа мерка е навистина неопходна за да се обезбеди стабилно водоснабдување, барајќи извинување од граѓаните за тешкотиите без вода на високи температури.

Во понеделникот, 11 август,  ЈП Шар го почна процесот на поврзување на новоизградената водоводната мрежа со која се носи вода до 3.000 домаќинства во населбата позната како „146“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ