Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека екипажот на чешкиот хеликоптер, на Скопскиот аеродром, имал оперативен брифинг со старешините од армискиот воздухопловен „винг“, на кој бил запознаен со пожарот на планината Готен од беровска страна.
Ангелов истакна дека пожарот на Готен сè уште претставува голема опасност. Чешкиот хеликоптер зема вода од браната „Турија“. Состојбата со огнената стихија во Македонија од вчера е значително смирена.
Надлежните апелираат за голема внимателност, особено поради сувото време и ветрот, кој дополнително ги разгорува пожарите.






