недела, 7 декември 2025

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Водата во Скопје е безбедна и квалитетна за пиење, покажа контролата на 201 примероци за физичко-хемиска и 201 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Град Скопје,  соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Според неделниот лабораториски извештај добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, контролата е спроведена од 27 октомври 2025 до 31 октомври 2025 година.

„Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговораат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“- Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ