недела, 7 декември 2025
Водовод и канализација

Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна

ЈП Водовод и канализација Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, со цел навремено и транспарентно информирање на граѓаните на главниот град.

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот од 13 до 17 октомври 2025 година, Секторот за санитарна контрола спроведе анализа на вкупно 416 примероци – 208 за физичко-хемиска и 208 за микробиолошка проверка, земени од 49 мерни места низ Скопје.

Според добиените резултати, сите анализирани примероци одговараат на стандардите утврдени со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“, бр. 183/18), што потврдува дека водата за пиење во Скопје е безбедна и соодветна за употреба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ