„Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред консумирање, потребно е да се преврива. ЈП „Комуналец“ Кавадарци ја следи состојбата и дополнително ќе извести кога повторно ќе се нормализира“, информираа од јавното претпријатие.
Известување за превривање на водата за пиење испратија и од неготински „Комуналец“.






