„Имаше отстапување на еден од параметрите, тоа е параметарот за матност и по однос на него, согласно правилниците, во тој примерок што го анализиравме, водата не беше исправна“, рече денеска на прес-конференција директорката на Институтот, Марија Андоновска.
Одговорајќи на новинарски прашања, Андоновска истакна дека испитувањата на примероците од водата во Струга биле едни од последните што ги направил деновиве Институтот, а резултатите се испратени до соодветните институциите и за ова се информирани Министерството за здравство и Агенцијата за храна и ветеринарство.
МИА






