понеделник, 23 март 2026

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 151 примероци од 43 мерни места.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Секторот за санитарна контрола во периодот од 16-ти до 19 март зема 151 примероци за физичко-хемиска и 151 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ