недела, 7 декември 2025

Водата во Скопје е безбедна за пиење, последиците од дефектот сѐ уште се санираат

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на „Водовод и канализација“ од каде утрово информираа дека по синиќешните декефекти, водоснабдувањето во градот постепено се стабилизира, а екипите сѐ уште работат на терен сѐ до целосно отстранување на дефектот кој синоќа го остави половина Скопје без вода.

Објавено на

часот

Сподели

Анализите за квалитетот и безбедноста на водата ги спроведе Секторот за санитарна контрола од 29.09.2025 до 3.10.2025. Земени биле 210 примероци за физичко-хемиска и 210 примероци за микробиолошка анализа од 45 мерни места во Градот Скопје.

„Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, наведува „Водовод и канализација“.

Оттаму утрово уште соопштија дека по синоќешните краткотрајни прекини на снабдување со струја во регионот кај бунарите на Лепенец предизвикана е варијација на притисокот на пумпниот систем од бунарите кон градскиот цевковод од каде се дополнува водоснабдителниот систем.

„Како резултат на прекините на мрежата на електрична енергија, настанати се два дефекти истовремено на главната водоводна линија Ф-600, како и дефект во шахта на Ф-400 на еден од бунарите. Поради овие дефекти, во неколку населени места од градот дојде до прекин на водоснабдувањето, но по брзата реакција на нашите екипи водоснабдувањето постепено се стабилизира со цел да се избегнат нови појави на дефекти и дополнителни оптоварувања на системот“, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ