„Секторот за санитарна контрола во периодот од 22 до 26 декември 2025 година зема 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микро-биолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје“, пишува во соопштението на ЈП Водовод и канализација.
Јавното претпријатие, како што наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.






