понеделник, 22 декември 2025

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 189 примероци од 45 мерни места, се наведува во соопштението на јавното претпријатие (ЈП) Водовод и канализација – Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Секторот за санитарна контрола во периодот од 15 до 19 декември зема 189 примероци за физичко-хемиска и 189 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, соопштија од ЈП Водовод и канализација Скопје.

Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ