понеделник, 15 декември 2025

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 8 до 12 декември зема 150 примероци за физичко-хемиска и 150 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 150 примероци од 42 мерни места.

„Секторот за санитарна контрола во периодот од 8 до 12 декември зема 150 примероци за физичко-хемиска и 150 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Јавното претпријатие, како што се наведуваат оттаму, со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, овие податоци ги објавува во неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ