петок, 9 јануари 2026

Водата во Ресен не е за пиење, Македонска Каменица се справува со водостојот на реките

Поради интензивните врнежи и огромниот природен прилив на вода, моментално е нарушен квалитетот на водата во делови од водоводниот систем. Заради безбедност на граѓаните, водата привремено не се препорачува за пиење, соопштија од ЈКП „Пролетер“-Ресен. А, поради обилните врнежи и зголемениот водостој на Каменичка Река и останатите реки на територијата на Општина Македонска Каменица, надлежните служби од раните утрински часови активно ја следат состојбата на терен и интервенираат каде што е потребно, информираа од Општината.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Од Јавното комунално претпријатие „Пролетер“-Ресен појаснија дека нарушениот квалитет на водата е последица на екстремните временски услови, а не на самата мрежа.

„Нашите екипи се на терен и веднаш по стабилизирањето на природниот притисок и квалитет, водата ќе биде вратена во редовна и безбедна состојба“, нагласија од ЈКП „Пролетер“-Ресен.

А, поради обилните врнежи и зголемениот водостој на Каменичка Река и останатите реки на територијата на Општина Македонска Каменица, надлежните служби од раните утрински часови активно ја следат состојбата на терен и интервенираат каде што е потребно, информираа од Општината.

Како што информира градоначалничката Соња Стаменкова, уште рано утринава биле известени надлежните служби на ЕВН за состојбата со електричните кабли кај мостот во близина на Градскиот пазар, со цел навремено и безбедно постапување и спречување на евентуални ризици.

„Општинските и другите надлежни служби се постојано присутни на терен, каде што се врши расчистување на локалните и земјените патишта од паднати дрва, свлечена земја, одрони и камења. Истовремено се работи и на санација на оштетувањата предизвикани од обилните дождови, со цел да се обезбеди безбедно и непречено движење на граѓаните“, информира Стаменкова.

Од Општина Македонска Каменица информираат дека состојбата континуирано се следи, а сите институции се во целосна координација и подготвеност за навремена реакција доколку состојбата се влоши.

Градоначалничката упати апел до граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат движење во ризични подрачја и строго да ги почитуваат препораките на надлежните служби. Јавноста, како што беше истакнато, ќе биде редовно информирана за сите нови случувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ