понеделник, 15 декември 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Пехчево информира дека според добиените резултати од анализи на мостри од вода за пиење, водата во моментот не е безбедна за директна консумација.

Објавено на

часот

Сподели

Од претпријатието апелираат граѓаните да ја користат водата за готвење само по претходно превривање.

Од „Комуналец“ посочуваат дека се преземени сите потребни мерки за технолошки третман и дезинфекција на водата.

Повторно се земени мостри за анализа од акредитирана лабораторија, а јавноста ќе биде благовремено информирана по добивањето на новите резултати, се вели во соопштението од ЈКП Комуналец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ