сабота, 20 декември 2025

Водата во Неготино забранета за пиење

Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло во дел од улиците, информираат од неготинското комунално претпријатие.

Објавено на

часот

Сподели

Поради проблем со присуство на  мирис и вкус од непознато потекло во водата за пиење во делот од уличната мрежа на улиците „Индустриска“, „Маршал Тито“, „29 Ноември“, „11 Октомври“,  „Никола Петров“, „Манчо Малиминов“, „Душан Јуруков“, „Димче Мирчев“, „Гоце Делчев“, „Питу Гули“, „Васка Калајџиска“ и ,,Антигона“, се забранува да се употребува водата за пиење, објави Јавното претпријатие „Комуналец“.

Центарот за јавно здравје Велес и другите надлежни институции земаа мостри за анализа. Се работи и на терен за лоцирање и санирање на евентуалниот дефект.

„Замолуваме доколку некој има какво било сознание кое би ни било од корист, да се обрати во Ј.П. Комуналец. Апелираме до граѓаните од овој дел на градот кои варат ракија, водата за пиење да не ја користат за ладење на вулите и да не оставаат црева во резервоарите за ладење, од кои може да дојде стварање на вакуум и повлекување на водата во градската мрежа и загадување. За вакви случаи ќе следуваат санкции“, појаснија од комуналното претпријатие.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ