-Согласно изложените информации за состојбата на водата која пристигнува преку водоснабдителниот систем до филтер станицата, матноста на водата се намалува поради што едногласно е одлучено дека треба да се пушти вода во водоснабдителниот систем на град Куманово, за техничка употреба. Заради хемиска обработка (хлорирање), истата ќе се пушта постепено. Напомена дека водата не треба да се консумира без термичка обработка (превривање), информираа од Штабот.
Ова, како што велат, се дел од заклучоците од одржаниот втор состанок.
„Водоснабдителните системи во високата зона, населба карпош, дел од населбата Банево Трло, Ајдучка Чешма, населба Пуковско, резервоар кај улицата Бајрам Шабани, село Черкези и населба Железничка Станица, во моментов функционираат засебно и таа вода може да се користи непречено“, велат од Штабот.
По појавата на обилни врнежи од дожд во тек на вчерашниот ден и забележаното заматување на водата во водоснабдителниот систем, се одржа втор вонреден состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој присуствуваа претставници од Општина Куманово, ЈП Водовод, ЈП Чистота и зеленило, Агенција за храна и ветеринарство и Центарот за јавно здравје.






