недела, 14 декември 2025

Во ЗОО Скопје угина европскиот бизон, претходно угинаа ламите, лавот Жика, слоницата, жирафите Каспер и Флопи, мајмунчето, кралскиот орел…

Со голема тага од Скопската зоолошка градина информираат дека утрово угинал европскиот бизон, стар 17 години, еден од највеличествените и најредки жители на градината. Претходно угинаа ламите, лавот Жика, слоницата, жирафите Каспер и Флопи, мајмунчето од видот гибон, кралскиот орел…

Објавено на

часот

Сподели

Животниот век на овие животни се движи меѓу 14 и 20 години, а бизонот во Скопје од 2011 година беше вистинска атракција за посетителите.

Од Зоолошката градина објаснуваат дека пред околу година и половина кај животното била дијагностицирана пневмонија, по што започнал долготраен процес на терапија и внимателно следење од ветеринарите и неговите негуватели.

„Иако со многу посветеност успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, во изминатите две недели повторно покажа знаци на слабост и отежнато дишење. Веднаш беше вклучена интензивна секојдневна антибиотска терапија и постојан надзор, но за жал, и покрај сите наши напори, не успеавме да го спасиме,“ наведуваат од ЗОО Скопје.

Европскиот бизон важи за редок и загрозен вид, а неговото присуство во Скопската зоолошка градина беше од големо значење за едукација и зачувување на биолошката разновидност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ