сабота, 21 февруари 2026

Во земјава повеќе нема плодна почва за нарко-криминал, вели Тошковски

Пораката до сите што мислат дека Македонија може да им биде транзит или пазар е јасна и тука повеќе нема плодна почва за нарко-криминал. Ниту една структура нема да остане недопирлива, а секој што ќе се обиде да делува во тој правец ќе се соочи со жестока реакција од наша страна, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервју за „Локално“ за големата акција и заплената на 40 тони марихуана во земјава, но и за запленетите 5 тони во соседна Србија за која истрагата покажа дека потекнуваат од Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Во однос на преминувањето на границата кон Србија, согласно воспоставениот Уан стоп систем, знаеме дека секоја држава го штити својот влез, односно кога излегувате од Македонија контролата е на влез во Србија, односно во надлежност на српските органи. Тоа е во делот на Министерството за внатрешни работи. Во делот на надлежностите на останатите институции ќе покаже истрагата“, според министерот за внатрешни.

„Остро ги демантирам наративите кои се шират дека во државата има прилив или присуство на проблематични мигранти, такво нешто едноставно нема. Станува збор за обид преку дезинформации да се создаде непотребна вознемиреност кај граѓаните, додека безбедносната состојба е стабилна и под целосна контрола на институциите. Секој што легално престојува и работи во државата поминува низ законски процедури и безбедносни проверки. Додека ние раководиме со безбедносниот сектор, нема да дозволиме никакви проблематични појави што би ја загрозиле сигурноста на граѓаните“, истакнува Тошковски запрашан за темата околу мигрантите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ