„Имајќи предвид дека се финализираат подготовките и деталите за неговата реализација, сите граѓани кои имаат неопходна и приоритетна потреба од евакуација потребно е во најкус можен рок да се пријават во амбасадата на Република Македонија во Абу Даби“, наведуваат од амбасадата.
Евидентирањето, посочуваат од амбасадата, може да се изврши на следните контакти – амбасада на Република Македонија во Абу Даби, телефон: +971 56 441 7532 и е-пошта: [email protected].
Досега се реализирани четири организирани летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, со кои се превезени вкупно 458 патници.






