вторник, 16 декември 2025

Во Владата и во судството постојат луѓе кои се посветени на борбата против корупцијата, вели Агелер

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер вели дека во Владата и во судството постојат луѓе кои се искрено посветени на борбата против корупцијата и изрази надеж дека на тие напори ќе им се придружат уште повеќе поединци, бидејќи, како што нагласи, тоа е правилното и неопходно нешто што треба да се направи.

Објавено на

часот

Сподели

„Секако гледам дека луѓе во Владата и судството кои се навистина посветени на тоа и ги поздравувам и им благодарам затоа што искрено се како гласови во пустина. Се надевам дека повеќе луѓе ќе им се придружат, бидејќи тоа е правилно да се направи.  Јас сум Американка и сум оптимист, но навистина верувам искрено и забележувам посебно во последните, веројатно неколку месеци дека, и дел од тоа е Кочани, дека има ниво на свесност и ниво на препознавање какво што порано немаше. Тоа е придружено со одреден замор, кога патувам низ земјата зборувам со студенти, родители, градоначалници и луѓе понекогаш слушате вистинско помирување дека тоа е така и дека нема да се менува. Но интересно, последниве месеци, дел од тоа беа и локалните избори, и видовме нови млади лидери кои рекоа ќе го направиме ова поинаку“, рече Агелер во гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител.

Таа посочи дека луѓето сега зборуваат на начин што покажува дека не само што се свесни, туку и следат се поблиску од порано.

„Мислам дека бараат одговорност од своите избрани претставници, одговорноста е неверојатно моќна работа без разлика дали зборувате за локалниот совет или не само за избрани функционери, туку наставници, доктори, вие сте платени да правите одредена работа, работете си ја“, посочи амбасадорката.

Агелер потсети дека САД вложиле значителни средства во поддршка на државата, вклучително и во судството од независноста наваму, но оцени дека состојбата во судскиот систем е полоша отколку порано, што јасно се рефлектира во ниската доверба на граѓаните.

„И искрено состојбата во судството е полоша отколку кога бев тука првиот пат. И се гледа во довербата на граѓаните кога зборуваат за судството. И многу е лесно едната или другата страна да каже дека е вина на судиите, дека е вина на обвинителите, дека е вина на кое било министерство. Но факт е дека одговорноста на Владата е вниматело да погледне што се случува и да направи промени таму каде што мора да се направат“, истакна Агелер.

Граѓаните, според  амбасадорката, не сакаат само декларативни изјави, туку реални судски процеси што ќе можат да ги следат и разберат, без разлика дали станува збор за кривични, корупциски или чувствителни случаи како оној со пожарот во Кочани, кој, како што истакна, ќе има силно влијание врз идната доверба во правдата и институциите.

На прашањето во врска со случајот со пожарот во Кочани, таа рече дека е од исклучителна важност за враќањето, но и за можноста од дополнително уривање на довербата на граѓаните во судството и правдата, нагласувајќи дека постојат поединци во Владата и во судските институции кои искрено работат на обезбедување правда.

„Се надевам дека повеќе луѓе ќе им се придружат, затоа што некои работи се едноставно правилни и мора да се направат. Постојат луѓе кои се навистина посветени да се постигне правда за семејствата, жртвите и за заедницата, но за тоа е потребен тимски напор“, истакна Агелер.

Според Агелер, граѓаните не сакаат само декларативни изјави, туку реални судски процеси што ќе можат да ги следат и разберат, без разлика дали станува збор за кривични, корупциски или чувствителни случаи како оној со пожарот во Кочани, кој, како што истакна, ќе има силно влијание врз идната доверба во правдата и институциите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ