недела, 15 февруари 2026

Во Уставниот суд секој прв четврток средби на граѓаните со претседателот Костадиновски

По повод одбележувањето на значајната 62 годишна традиција на Уставниот суд, кој 15 февруари 1964 година прв пат почна со работа, Судот ги повикува сите заинтересирани граѓани на редовни средби со претседателот д-р Дарко Костадиновски. Средбите, ќе се одржуваат секој прв четврток во месецот, соопшти Уставниот суд.

Објавено на

часот

Сподели

„Целта на овие средби е да се приближи работењето на Уставниот суд до граѓаните, да се подигне свеста за уставно загарантираните права, како и да се објасни начинот на правилно поднесување на поднесоци до Судот. Ова е уникатна можност секој граѓанин одблизу да се запознае со надлежностите, постапките и значењето на одлуките на Уставниот суд во заштита на правата и слободите на сите граѓани“, соопшти Уставниот суд.

Сите заинтересирани можат да се пријават за учество на следните електронски адреси: [email protected]. За сите прашања на располагање е и телефонскиот број +389 2 322 3626.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ