сабота, 12 јули 2025
АВМУ

Во ударните термини на телевизиите најмногу се емитувале серии

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска одржа јавен состанок фокусиран на Годишната програма за работа во изминатите три месеци.

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот, директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски информира за активностите поврзани со спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, издавачите на печатени медиуми, изречените мерки јавна опомена, изработените анализи и студии, активностите на полето на меѓународната соработка и европската интеграција.

На состанокот беа презентирани и наодите од анализата „Родот во медиумите 2024 – Родовите прашања и начинот на претставување на жените и мажите во ударното време на националните телевизии“, изработена за потребите на Агенцијата.

Резултатите од анализата покажаа дека во ударните термини на телевизиите најмногу се емитуваа серии и серијали (45 проценти), по што следуваа информативните емисии со 24 проценти и играните филмови со 22 проценти, а најмалку застапени беа документарните програми со 5 проценти, како и хумористичните и музичките програми со по 2 проценти, соопштија од АВМУ.

Анализата е достапна на веб страницата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ