Најголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 21 % и Информации и комуникации од 7,4 %.
Во третото тримесечје, бруто инвестициите во основни средства претставуваат главен двигател на порастот на бруто-домашниот производ. Во структурата на БДП, учеството на бруто инвестициите се зголемува од 26,1 % во третото тримесечје од 2024 година на 31,1 % во третото тримесечје од 2025 година.
Финалната потрошувачка во третото тримесечје од 2025 година номинално расте за 7,7 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 80,2 %.
Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година е 3,6 %.






