петок, 5 декември 2025

Во третиот квартал годинава имало 10.033 слободни работни места

Стапката на слободни работни места во третото тримесечје од годинава изнесува 2,02 проценти, а најголем број слободни работни места, 2.052, има во групата Елементарни занимања, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Во третиот квартал годинава се регистрирани вкупно 10.033 работни места. Од нив, 2.393 се во преработувачката индустрија, 1.830 во трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, 867 во административни и помошни услужни дејности, 730 во образование, 719 во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 705 во градежништво, 660 во транспорт и складирање, 458 во дејности на здравствена и социјална заштита, 354 во стручни, научни и технички дејности, 324 во информации и комуникации…

Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,53  проценти.

Највисока стапка на слободни работни места од 3,69  проценти има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,22  проценти.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2,70  проценти.

И во првиот кваратал годинава стапката на слободни работни места изнесуваше 2,02, а во вториот квартал година 2,08.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ