„Според евиденциите на ОВР Кавадарци, во текот на 2025 година заклучно со 9 октомври, пријавени се шест кражби од земјоделски имоти, од кои, на подрачје на општина Кавадарци четири кражби на грозје и една кражба на лук, а на подрачје на општина Росоман една кражба на праски“, велат од СВР Велес.
Според евиденциите на ОВР Неготино, во истиот период, на подрачје на општина Неготино пријавена била една кражба на грозје, а на подрачјето на општина Демир Капија немало пријавено кражби на земјоделски производи.






