„На одбележувањето, свежо цвеќе положија делегации од Командата и штабот на Првата пешадиска бригада, како и Третиот пешадиски баталјон, претставници од верските заедници, претставници на локалната самоуправа, владини и невладини организации, претставници од државниот и приватниот сектор со кои командата на гарнизонот Тетово остварува одлична соработка“, соопштија од Армијата.

Според информацијата од Армијата, претходно, во касарната била спроведена крводарителска акција од страна на вработените во гарнизонот Тетово, при што се дарувани 32 единици крв.






