среда, 25 февруари 2026

Во Тетово и Гостивар повеќе од 72% од вработените се етнички Албанци

Најголем дел од вработените кои се етнички Албанци, или 10.084 се со високо образование,  4.833 се со средно додека 185 се со звање ‘доктор на науки“. На локално ниво видлива е концентрацијата на вработените според етнички клуч  во зависност од етничката структура на општината, пишува Порталб. Просечната возраст на вработените Албанци е 44,1 додека на Македонците 47,97 години.

 

Објавено на

часот

Сподели

100% застапеност на Албанците во Арачиново и Боговиње, 100% Македонци во Прилеп, Пехчево, Пробиштип

На локално ниво видлива е концентрацијата на вработените според етничка припадност во зависност од застапеноста на етничките заедници во конкретната општината.  На ниво на Град Скопје најзастапени со 74,20% се Македонците, со 16,08 % се Албанците, а на трето место според застапеноста со 3,18% се Ромите – покажуваат последните објавени податоци од Министерството за администрација.

Со 100% етничките Албанци се застапени во две општини Арачиново и Боговиње, додека над 80% застапеност на етничките Албанци има во следниве општини :  Липково 97,37%,  Теарце 92,86% , Сарај 91,43%, Желино 84,91% и Врапчиште застапеност од 80% .

Етничка застапеност над 80%

Општина Арачиново                   100 %

Општина Боговиње                     100%

Општина Липково                       97,37%

Општина Теарце                         92,86%

Општина Сарај                           91,43%

Општина Желино                        84,91%

Општина Врапчиште                   80,00%

Извор : Регистер на вработени во Јавен сектор

Од поголемите локални самоуправи менаџирани од градоначалници,  Албанци, застапеноста е следна : во Тетово 77,52%, во Гостивар 72,68%, Чаир 65%, Струга 64,85%, следуваат општина Студеничани каде застапеноста на етничките Албанци е 63,64% и Дебар со 63,38%.

Етничка застапеност

Општина Тетово                         77,52%

Општина Гостивар                     72,68%

Општина Чаир                           65,00%

Општина Струга                        64,85%

Општина Студеничани               63,64%

Општина Дебар                          63,38%

Извор : Регистер на вработени во Јавен сектор

Етничките Македонци пак со 100 % се застапени во општините главно лоцирани на истокот и југоистокот како што се Кривогаштани, Берово, Ново Село, Пехчево, Зрновци, Лозово и во други,  како и во поголемите како Прилеп и Пробиштип. Најголема застапеност од  82,35% на етничките Турци има во општина Пласница.

Во агенциите кои се во состав на министерствата, најголема застапеност на етничките Албанци со 47,62% има во Агенцијата за управување со одземен имот и во Државното правобранителство каде застапеноста изнесува 45,20% додека воопшто не се застапени во Агенцијата за филм, а најниска од 3,70% има во Агенцијата за планирање на просторот. Етничките Турци пак со над 7%, што е и највисоко ниво на застапеност,  се во Институт за акредитација, Геолошкиот завод и Центарот за управување со кризи.

Просечна старост – најголема  кај Србите, најниска кај Турците  

Најголем дел од вработените кои се етнички Албанци, или 10.084 се со високо образование, 4.833 се со средно а 4.751 се со „друго“ образование. Во јавниот сектор во 2024-та, 869 етнички Албанци биле со звање магистер, а 185 доктори на науки. Анализирано според степенот на образование, во јавниот сектор има 1.430 Македонци вработени како доктори на науки, потоа 16 се Срби, 15 се Власи, 13 Турци, 7 Бошњаци и 1 вработен доктор на науки, етнички Ром.

Податоците од најновиот Регистер за вработени во јавниот сектор покажуваат дека според просечната возраст на припадниците на заедниците, најголема просечна возраст од 50,47 имаат етничките Срби додека најмала 43,68  етничките Турци.  Просечната возраст на вработените Албанците е 44,1, додека на Македонците 47,97 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ