понеделник, 8 декември 2025

Во текот на денот без струја ќе бидат делови од шест скопски општини

Без напојување со електрична енергија времено во текот на денот ќе останат делови од шест скопски општини.

Објавено на

часот

Сподели

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, соопшти дека од 8 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улица Павле Божинов во општина Гази Баба, од 8 до 12 часот корисниците улица 28 и улица 30 од село Белимбегово во општина Илинден, а од 8 до 13 часот корисниците улица Мирче Оровчанец  во општина Центар.

Во периодот од 8 до 13 часот струја ќе немаат и корисниците од дел од улицата Петар Манџуков во општина Бутел,а од 8:30 до 11 часот корисниците улица Индира Ганди 31 во општина Шуто Оризари.

Од 9 до 12 часот без струја ќе биде Амбулантата во Ѓорче Петров и околните корисници, а од 9 до 13 часот корисниците од Жито Алтан, дел од Дрма, Живинарска фарма во општина Гази Баба. Од 9 до 15 часот пак без струја ќе бидат корисниците од дел од село Глуво во општина Чучер Сандево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ