„Цената се уште е ниска од 260-280 денари макисмум, а овчарите сакаат да не биде под пет евра, под 300 денари, затоа што и млекото сега е намалено, бидејќи млекото беше до скоро 65 денари, а сега е 60 денари“, изјави Сарафимов.
Тој вели дека според проценките на сточарите годинава во бачилата имаат околу 400.000 овци и исто толкав број на јагниња, од кои 300.000 ќе одат во кланица, а околу 100.000 женски јагниња ќе ги задржат за обновување на стадата.






