„Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат од денеска (6 ноември) да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, велат од Министерството.

За корисниците кои не користат картички, како што посочуваат од Министерството, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето, и тоа на 6 ноември од А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л до Љ и на 7 ноември од М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ до Ш.






