Благодарение на 22 судии, задоволни сме од реализацијата, изјави претседателката на судот, Снежана Манев.
Претходно, судот имаше само 15-тина судии. Тројца од новите судии се распределени во граѓански оддел и во работни односи, со оглед на големиот број предмети во двата оддели и еден во кривичниот оддел. Судот со години се соочуваше со недостиг на кадар.
Проблем останува со бројот на записничари. Дел од нив заминале во пензија, дел ја напуштиле работата.
„Немаме доволно записничари за судењата во речиси сите одделите граѓански, кривични, закажани судења, комплицирано е да се организираат,а важни се за граѓаните кои треба да ги остварат своите права. Во моментов како најитно ни е вработувањето на од пет до седум записничари. Побаравме од судскиот буџетски совет да добиеме вработувања, меѓутоа министерството за финансии ни ги одби овие барања“, изјави Манев.
Судот има потреба и од други вработувања.






