Според сопственикот, сè се случило за помалку од 10 минути, а надојдената вода влечела сè пред себе.
„Од брзата и надојдена вода, која достигна над два метри, не успеавме да ја отвориме шталата и да ги извадиме јагнињата и овците. Штетата е голема. Во еден момент постоеше опасност и нас да нè повлече водата, мене и брат ми Никола, но успеавме да се спасиме“, раскажува Зоран Колев.
Тој денеска ја пријавил штетата во Општина Струмица, а загинувањето на јагнињата и овците го пријавил и кај другите надлежни служби, кои треба да излезат на терен и да ја утврдат висината на штетата.






