недела, 7 декември 2025

Во Струга урната старата струшка куќа заштитена со закон (ВИДЕО)

Копајќи темели за изградба на нова куќа, сопствениците на парцелата што се наоѓа веднаш до старата градска струшка куќа во центарот на Струга ги ископале и нејзините темели, по што е урнат заедничкиот ѕид со соседната куќа која ќе се гради. Засега само од СВР Охрид за МКД.мк известија дека била повикана полиција која сѐ уште е на лице место и врши увид. Старата струшка, (некогашен дом на познатиот писател и дипломат и твроецот на македонската химна, Владо Малески) е сопственост на Општината и е заштитена со закон како културно наследство.

Објавено на

часот

Сподели

Жители на Струга кои се јавија во редакцијата на МКД.мк револтирано прашуваат зошто градоначалникот Рамиз Мерко не реагира за да се заштити општинското добро кое има и историско значење и е заштитено со закон.

МКД.мк денеска речи си цело претпладне се обидуваше да стапи во контакт со градоначалникот Мерко, но неговиот телефон остана недостапен. Не одговараа ниту од Општината каде сакавме да земеме изјава од градежниот инспектор за да каже дали било пријавено уривањето на старата струшка куќа и дали инспектори излегле на терен.

Од СВР Охрид потврдија дека биле повикани на лице место.

„Увидот сѐ уште трае. По завршување ќе знаеме за што точно се работи и дали можеби има елементи накривично дело“, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Граѓанскиот активист Никола Кукунеш објави видео на кое се гледаат последиците од уривањето на старата струшка куќа која е во сосптвеност на Општината, а е заштитена со закон.

„Си заминува Струга таква каква што ја знаеме“, напиша Кукунеш на својот фејсбук профил.

На увид на лице место излегле и од Заводот и музеј Охрид.

Искра Опетческа

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ