Оттаму апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Во Скопје утре посебен режим на сообраќај поради протест
Поради одржување на протест пред Собранието, единицата за безбедност на патниот сообраќај утре со почеток во 11 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Посебен режим на сообраќај ќе има и во недела со почеток од 10 часот поради одржување на атлетска трка, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св. Пантелејмон и обратно.

Објавено на
часот