Како што информира Министерството за надворешни работи, по предвидениот официјален пречек Муцунски и Мајнл-Рајсингер ќе имаат тет-а-тет средба, а потоа ќе следува и билатерална средба помеѓу двете делегации. Во фокус на разговорите ќе биде унапредувањето на билатералните односи, реафирмирање на австриската поддршка на македонската интеграција во Европската Унија, како и размена на мислења за клучни регионални, европски и глобални прашања.
По средбите најавена е и заедничка прес-конференција на министрите.
Според МНР, ова е прва посета на Мајнл-Рајсингер на нашата земја по стапувањето на функцијата министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија на 3 март 2025 година.