вторник, 7 април 2026

Во Скопје се испитуваат три позиции кои би биле алтернатива на Рашче

Почнати се испитувања на три нови позиции во Скопје, кои би била алтернатива за изворот Рашче, а Владата, во соработка со општина Јегуновце и Град Скопје, работи на отстранување на проблемот со дивата депонија, која се наоѓа над изворот – истакна денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на седницата на Советот посветена на советнички прашања.

Објавено на

часот

Сподели

„Во однос на изворот Рашче, сакам да истакнам дека се почнати испитувања на три нови позиции во градот Скопје, кои би значеле алтернатива за изворот Рашче. Тоа се пообемни операции што ќе се одвиваат во наредниот период, но се стратешки важни за водоснабдувањето на градот. Недопустливо е во изминатите 30-40 години да не се најде алтернатива. Засега нема опасност за Рашче, состојбата е стабилна, а водостојот е повисок отколку во изминатите 25 години“, рече градоначалникот одговараќи на прашање на советникот Горан Арсов од СДСМ и коалицијата во однос на водоснабдувањето и дали се работи на изнаоѓање решенија за нови извори на вода, особено во летниот период.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска истакна дека во текот на 12 месеци од минатата година се наплатени една милијарда денари по основ на даноци, од кои околу 70 проценти се во

Во однос на Јегуновце, истакна дека Владата со Општината работи во врска со отстранување на проблемот со дивата депонија.

„Таму ќе треба многу внимателно да се постапува. Животната средина е во центарот на целиот процес, а ние како Град Скопје се вклучуваме преку нашите служби и верувам дека тој проблем ќе биде решен во перспектива“, рече Ѓорѓиевски.

Проблемот со депонијата на поранешен „Југохром“ во Јегуновце повторно се врати во јавноста откога професорот Златко Илијоски предупреди дека таму има речиси 7.000 тони шестовалентен хром и дека локацијата мора да се третира како опасен отпад.

На прашањето на Арсов за тоа кога последен пат е извршена дератизација и каква е состојбата со глувците во Скопје, Ѓорѓиевски рече дека тоа е обврска на општините, веќе испратиле допис до најголемиот дел од скопските општини, повеќето имаат постапено, а според известувањата што ги добиле, другите ќе постапат во блиска иднина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ