сабота, 14 јуни 2025

Во Скопје падна најмногу дожд

Во изминатото деноноќие најмногу дожд 6 литри на квадратен метар наврна во Скопје на мерното место кај Петровец, по што следи Тетово со 4, Крушево со 3, Крива Паланка и Штип со по 2, а 1 литар на квадратен метар наврна во Охрид, Прилеп, Берово, Виница и Куманово, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Објавено на

часот

Сподели

Според најавите од УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 26 степени Целзиусови

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ