четврток, 11 декември 2025

Во Штип само двајца партиски кандидати за градоначалник, нема независни

За претстојните Локални избори 2025 година за избор на градоначалник на Општина Штип има само двајца кандидати. Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев за МИА вели дека кандидати за градоначалници за Општина Штип се Иван Јорданов од ВМРО – ДПМНЕ и Павел Иванов од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Во законскиот рок пристигнати се и 11 листи за советници: СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, Левица, ЗНАМ, Група избирачи Раман Демиров, Група избирачи Енис Демиров, МААК, Демократска партија на Турците, Зелена иднина, Искуство за успех и Единствена Македонија.

Вацев вели дека во моментов Општинската изборна комисија ги формира 80 избирачки одбори, кои треба да ги спроведат изборите на 80 избирачки места на територија на Општина Штип. Избирачките избори ќе имаат нови претседатели, како и членови и нивни заменици, бидејќи на претходните состави им е поминат мандатот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ