Маја Нано од Еврејската заедница рече дека Општината секоја година им оддава почит на 7.144 евреи кои беа депортирани, однесени во логорот на смртта Треблинка.
Љубомир Петровски од Еврејската заедница дополни дека се уште има живи сведоци.
„Сѐ уште има живи сведоци не се многу на број, но се доволни за да ја споделат тежината, која што ја поминале за тоа време“, вели Петровски.
Одбележувањето на 83 години од депортацијата на Евреите почна денеска од Штип, а наредните денови продолжува во Битола и Скопје.
МИА






