понеделник, 8 декември 2025

Во септември произведени повеќе мегават часови електрична енергија отколку потрошени

Во септември годинава во земјава вкупно се потрошени 373.518 мегават часови електрична енергија, 19,406 милиони нормални кубни метри природен гас, 368.114 тони јаглен и 95.577 тони нафтени продукти.

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на Државниот завод за статистика, 100 проценти од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 99,9 отсто од вкупно потрошениот јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

„Во септември 2025 година е произведено повеќе електрична енергија отколку што е потрошено, односно вкупната бруто-произведена електрична енергија изнесува 391.740 мегават часови, што претставува 4,9 отсто повеќе од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Во септември 2025 година во однос на септември 2024 година потрошувачката на природен гас е намалена за 15,5 отсто, како резултат на намалената активност на когенеративните постројки, додека потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 13,2 отсто“, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ