недела, 7 декември 2025
Државен завод за статистика

Во септември годинава се издадени 314 одобренија за градење

Во септември годинава се издадени 314 одобренија за градење, што е за 6,1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.124.419 илјади денари, што е за 5,2% помалку во однос на истиот месец лани.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 (70,1%) се наменети за објекти од високоградба, 38 (12,1%) за објекти од нискоградба и 56 (17,8%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 314 објекти, на 229 (72,9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 85 (27,1%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 727 станови со вкупна корисна површина од 69.411 м².

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ