„Спремни сме да дискутираме за сите теми, вклучително и за изборниот модел, но тоа мора да биде инклузивен процес. Покрај прашањето за една изборна единица, тука се и прашањата за цензусот и за отворените листи“, рече Филипче.
Изјавата следи откако премиерот Христијан Мицкоски вчера во Собранието го повика СДСМ да ги поддржи измените на Изборниот законик, со кои, како што рече, ќе се воведе една изборна единица и ќе се овозможи и на дијаспората да гласа.
„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за измените. Верувам дека ова е историски чекор за демократијата“, порача премиерот од собраниската говорница.