Преку совршено усогласени вкусови, вечерта ќе ја раскаже вековната винска приказна на Louis Latour. Настанот ќе го модерира и води професионалниот сомелиер Јадранка Клариќ Кимовска, која ќе ги воведе гостите во светот на дегустацијата. Специјален гостин ќе биде Thomas Lignier, Export Area Manager во Louis Latour, кој со своето долгогодишно искуство игра значајна улога во меѓународното претставување на овој реномиран бургундски бренд. Токму за оваа пригода, тој ќе го претстави изборот на вина, приказните зад секоја етикета и богатата историја што ја прави Louis Latour еден од најпочитуваните имиња во светот на виното. За совршеното food pairing ќе се погрижи Chef Giovanni, кој ќе подготви специјално мени инспирирано од француската кујна, создадено да ги нагласи ароматските карактеристики на секое вино.
Вечерта, која е во организација на Alchemist (официјален увозник на Louis Latour во Македонија), ќе биде збогатена и со музичка програма коja ќе создаде софистицирана атмосфера за целосно уживање. Со ограничен број места и исклучителен избор од винското наследство на Louis Latour, настанот ветува уникатно искуство кое долго ќе се памети.
Карти за настанот може да се набават во рестораните SushiCo, SushiCo Zen и Salvatore, или со резервација преку порака на социјалните мрежи на Alchemist MK.
Комерцијален текст






